Ангелов: Се обидуваме да го локализираме пожарот од делот со експлозивни материи

Противпожарни екипи сѐ уште работат на локализација на пожарот што изутринава избувна во кругот на поранешниот тутунски комбинат во Тетово.

Како што кажа првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, секој момент се очекува на местото да пристигне хеликоптер кој ќе се обиде да го ограничи ширењето на огнената стихија кон делот во кој се чуваат експлозивни материи.

„Во овој момент работиме на детекција на воздухот, односно дали има отровни гасови и какви. Состојбата во овој момент од аспект на отровност на гасови не е алармантна. Според информациите што ги имаме, има зголемено ниво на ПМ честички…гаснењето со вода на ваков пожар директно од воздухот може да доведе до распламтување на пожарот. ОД тие причини побаравме по самата линија на пожарот да биде фрлена водата, односно пожарот да биде пресечен да не се пренесе во задниот дел каде што има садови со експлозивни материи“, рече Ангелов.