Ангелов за албанското знаме на Шапка: Ова е намерна провокација и подгревање на меѓуетничката нетрпеливост

Ова, како многупати претходно, е намерна провокација и подгревање на меѓуетничката нетрпеливост, напиша Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи, откако навивачи на Шкендија го кренаа албанското знаме спроти крстот на Попова Шапка, до македонското знаме.

Ангелов апелираше до граѓаните да не наседнуваат на ваквите провокации, а МВР веднаш да ги идентификува сторителите и да поднесе соодветни пријави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.