Ангеловска: Домашната платежна картичка ќе го амортизира економскиот пад

35

Инјекцијата од 28 милиони евра преку домашната платежна картичка, односно преку зголемувањето на приватната потрошувачка за краток период насочена кон домашните производи ќе го амортизира економскиот пад, изајви за ТВ Алфа министерката за финансии Нина Ангеловска.

– Со направена симулација – ако овие 28 милиони евра се влеат во економијата, точно како што е наменето во тие сектори за домашни производи и услуги, ние може да го ублажиме падот од 0,7 до 0,9 процентни поени – вели Ангеловска.

Целта на ваквата мерка, додава Ангеловска, бидејќи  потрошувачка учествува со 65% во домашниот бруто производ е да се стимулира економската активност.

– Сите земји преземаат мерки за поттикнување и стимулирање на приватната потрошувачка во фаза на реотварање на економијата и враќање на довербата на граѓаните во – тоа се објекти кои беа затворени, кои немаа никаква економска активност и овие земји на свој начин ја спроведуваат мерката за давање на поддршка на граѓаните за зголемување на потрошувачката, може да ги погледнете Австрија, Словенија, Кина, Америка, најразлични примери, кои имплементирале вакви мерки на свој начин – рече.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.