Ангеловска: Се наоѓаме во нова реалност со Ковид-19, ќе се потрудиме да задржиме што повеќе работни места

„Стапката на невработеност во првото тримесечје од 2020 е 16,2% (историски најниска). Годината започна со раст на вработеноста, пад на невработеноста, раст на платите…за што зборуваат и статистичките показатели за првиот квартал“, пишува министерката за финансии Нина Ангеловска.

„Сепак се наоѓаме во нова реалност – Ковид-19 пандемијата ќе влијае на сите макроекономски показатели, но со мерките кои се преземаат и ќе се преземаат ќе се потрудиме да кривата на невработеност биде што порамна, да задржиме што повеќе работни места, што повеќе работници да останат на работните места, а оние чие работно место ќе се затвори да ги поддржиме и заштитиме.

Просечната стапка на невработеност во 2019 е 17.3%, додека во последниот квартал од 2019 изнесуваше 16.6%“,посочи таа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.