Ангеловски: Ќе кажам… браво момци! Си ја сакаат државата, играат со срце за Македонија!

41

Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Словенија со 2-1. Со двата гола на Елиф Елмас, нашиот национален тим славеше значаен триумф. Селекторот Игор Ангеловски е задоволен од триумфот и од одличното издание на селекцијата.

„Ќе кажам…браво момци! Ова е победа на фудбалерите, ја посакуваа многу и успеаја да ја остварат. Сите си ја сакаат државата, играат со срце за Македонија. Благодарност и до публиката, ни беа голема поддршка. Бевме подобри, мислам дека заслужено стигнавме до триумф. Сега одиме за Полска, да имаме мирен лет, а потоа ќе се подготвиме и за дуел со лидерот во групата. И сакам сите што се блиску до репрезентацијата со малку поголем респект да гледаат кон фудбалерите. Елмас? Немам зборови. Се покажа на теренот“, изјави селекторот Игор Ангеловски.

Денес националниот тим патува за Варшава, а следниот предизвик е Полска.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.