26.8 C
Skopje
сабота, април 13, 2024

Ангеловски го соопшти патниците за ЕВРО 2020: Со Чурлинов и Милан Ристовски на ЕП!

Македонскиот селектор Игор Ангеловски го соопшти списокот на репрезентативци кои ќе настапат на Европското првенство 2020 следниот месец во Букурешт и во Амстердам.

Ангеловски главно со очекуваниот список ќе патува на ЕВРО 2020, со тоа што во однос на претходните собири сега на списокот се офанзивците од младата репрезентација, Милан Ристовски од Спартак Трнава и Дарко Чурлинов од германски Штутгарт.

Согласно дозволеното од УЕФА, селекторот Игор Ангеловски повика 26 фудбалери на кои ќе се смета за европскиот шампионат.