Ангеловски пред дуелите со Австрија и Израел: Ќе се бориме за бодови, но мора да мислиме и за мечот со Косово

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски пред квалификациските дуели со Австрија и Израел вели дека ќе македонскиот тим ќе се бори за бодови, но дека мора да се размислува и за плејоф-дуелот со Косово.

– Ќе се бориме за бодови, но мора да мислиме и за плејофот со Косово бидејќи немаме пријтелски дуели по овие два натпревари. На овие мечеви ќе треба тактички да се довоиграме, иако мислам дека сме доволно воиграни, вели селекторот.

Тој изрази задоволство од досегашниот настап во квалификациите.

– Имаме 11 бода. Се надевам дека пласманот на крај ќе биде и слика за тоа како одигравме во квалификациите, вели Ангеловски.

Фудбалска репрезентација на Северна Македонија ќе ги одигра последните два натпревари од квалификациите за ЕП 2020. На 16-ти ноември гостуваме кај Австрија, а три дена подоцна го пречекуваме Израел.