Ангеловски пред натпреварот со Естонија: Го почитуваме противникот, треба да бидеме максимално внимателни

Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски на официјалната прес-конференција спроти денешниот натпревар против Естонија во Талин од третото коло од групата „Ц“ во Лигата на нациите изјави дека потивникот има добри фудбалери и треба да се почитува.

– Се подготвуваме како и за секој друг натпревар. Мечот против Косово веќе е зад нас и целосно сме фокусираме на утрешниот натпревар. Стартувавме добро во групата од Лига на нации и нашата цел е освојување на трите бода на утрешниот дуел. Квалитетот на моите фудбалери ми дава право да верувам дека ќе успееме, навистина сум среќен што работам со оваа група на фудбалери кои на секој следен натпревар ја потврдува својата вредност. Сите се ставаат во функција на тимот и на тој начин ги покриваме и проблемите кои ги имаме со повредени фудбалери. Го почитуваме противникот, имаат добри фудбалери, Туњов од Спал, Васиљев од Флора и треба да бидеме максимално внимателни, изјави селекторот Ангеловски.

Мечот започнува од 18 часот.