Ангеловски: Власта се однесува арогантно со македонскиот народ

88
страшо ангеловски

Актуелната власт се однесува многу арогантно со македонскиот народ кој не се согласува со неа, односно со оние кои ги почитуваат традицијата, верата,името, татковината, посочи Страшо Ангеловски, лидер на опозициската партија МААК во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

„Оваа влада за мене ее безначајна, затоа што присуствуваме на еден момент кога ароганцијата ја живеат неспособните, а арогантните ја живеат неспособноста. Тоа би била најкусата дефиниција за овој Социјалдемократски сојуз и гледате дека таа ароганција која ја прикажуваа врз македонскиот народ, особено врз оној дел од оној македонски народ кој не се согласува со нив и врз оној дел од македонскиот народ кој ги почитува традициите, верата, името, татковината односно почитува сѐ што треба да се почитува. Токму врз нив се изживуваат и ја тренираат нивната ароганција и за жал ја вежбаат својата неспосбност“, рече Ангеловски.

Лидерот на МААК предупреди дека токму таквата ароганција од страна на власта води во пропаст.

„Еве еден министер рече оној кој нема пари за патарини за новиот пат кон Штип нека оди по некои патчиња, наместо тој да најде начин како луѓето да имаат пари да ја платат патарини. Наместо нивната заложба да биде да нема патарини или доколку има да направат напор како луѓето да заработат пари за да можат да ги платат патарините тој едноставно вели нека си најдат некои црни патишта и нека се движат. Знае ли тој дека 80% од ова населението нема пари за да ги плаќа нивните прескапи патарини, за да тој може да зема 1.000/1.500 евра плата. Друга министерка рече дека тоа се големи пари и дека луѓето ќе можат во два месеци да купат два килограми месо, да го зготват и да си поминат убаво. Тоа е таа ароганција, и таа ароганција води кон пропаст“, додаде Ангеловски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.