
Клубовите од англиската Премиер лига колективно одлучија дека дд сезоната 2026/27 повеќе нема да смее да носат реклами за обложувалници на дресовите.
Во моментов, дури осум од 20-те клубови од највисокиот ранг на англискиот фудбал имаат на градите од своите дресови реклама за некоја од големите обложувалници.
„Оваа одлука ја донесовме по поширока дискусија во која учествуваа клубовите, лигата и владините сектори за култура, медиуми и спорт во рамките на тековното преиспитување на правилникот за обложување“, соопштија од Премиер лигата и додаваат дека работат со другите спорстки асоцијации на „развој на нов кодекс за одговорни коцкарско спонзорирање“.
Британската влада моментално работи на нова регулатива која ќе го регулира обложувањето.