Напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг би можел да реализира неочекуван и сензационален трансфер во јануарскиот преоден рок.
Фудбалерот, кој веќе еден месец е надвор од составот на Микел Артета откако неговиот статус како првотимец беше „замрзнат“ поради кршење на клупските правила, бил трансфер желба на тимот на Њукасл.
Од Њукасл нема да штедат пари заплатата на габонскиот офанзивец кој во моментов се наоѓа на подготовки со својата селекција пред почетокот на африканскиот Куп на нациите.
Според „Мирор“, Њукасл првично ќе испрати понуда за позајмица на Обамејанг и ќе се согласи целосно да ја плаќа неговата плата, а потоа во зависност од тоа дали ќе се обезбеди опстанок во Премиер лигата ќе се преговара и за перманентен трансфер на офназивецот.
Што се однесува до Арсенал, тие би биле среќни да се ослободат од Обамејанг на перманентна основа, па се уште не е познато дали би ја прифатиле понудата која се подготвува од „Сент Џејмс Парк“.