Англичаните наместо медал добија бесплатни паркинг места

Репрезентацијата на Англија стигна на Светското првенство во Русија до полуфиналето, што е најдобар резултат на националниот тим уште од Мундијалот 1990 година во Италија.

Иако не освоија медал, англиските репрезентативци не останаа со празни раце. Од компанијата Lidl добија бесплатни паркинг места пред супермаркетите во своите места на живеење.

Така, Хари Кејн го чека специјално паркинг место пред продавницата во Клингфорд, само неколку километри од местото каде што одеше на училиште.

Селектор Герет Саутгејт има почесно паркинг место во родниот Кроули. Џордан Пикфорд и Кирхан Трипије исто така беа наградени во своите градови.