Англичаните подобри во пенал рулетот од Колумбија

Фудбалерите на Англија се последните учесници во четвртфиналето на Мундијалот, откако ја совладаа Колумбија на пенали, откако мечот заврши 1:1 во драматична завршница. Англија за прв пат после три изгубени четврфиналиња на светските првенства во пенал завршницата, како и на ЕП во 1996 година, на кое беа домаќини, успеа да слави во панал рулетот со 4:3. Колумбијците, кои први шутираа, беа во предност откако Оспина го одбрани пеналот на Хендерсон во третата серја, но Колумбиецот Урибе ја погоди пречката при четвртиот пенал и ги врати Англичаните во игра. Трипие погоди за Англија, а Баке во последниот обид за Колумбија биеше слабо по средината и Пикфорд го одбрани голот. Победата на Англичаните ја донесе Даер. Претходно прецизни беа Фалка, Квардадо и Муриел за Колубија, како и Кин и Рашфорд за победничката екипа.

Натпреварот во погоелмиот дел помина без поголеми возбудувања, иако Англичаните беа поофанзивни. На полувремето резултатот беше 0:0, а на почетокот на вториот дел, во 57 минута Кин погоди од ударот од белата точка.

Тој беше соборен од Санчез во шеснаесетникот, по што беше досудена најстрогата казна. Колумбијците и во првото полувреме беа нервозни при уфрлувањата од аголот и беа опоменувани од судијата да не ги држат противничките фудблери. По примениот гол Колумбијците беа нервозни и добија неколку ќолти картони поради груба игра. Сепак, во последните петнаесет минути од натпреварот Колумбијците тргнаа сериозно кон голот и во 3 минута од судиското продолќение, по првиот корнер Јари Мина со глава ја погоди мрежата на Англија. Тоа бешпе негов трет гол на Мундијалот, сите со глава.
Продолженијата завршија без голови, а двете екипи како да чекаа да заврши натпреварот и да почнат со изведување на пеналите.

Англичаните ја имаа топката 52 отсто од времето, а упатија 16 удари кон голот на Колумбија, но само два во неговите рамки. Колумбијците имаа 14 одби, но четири удари заршија во рамките на голот.
Англија во четвртфиналето ќе игра против Шведска.