Англија и Белгија ќе играат „пријателски“ натпревар?

Досега на светските првенства никогаш не се случило првопласираниот во група да биде одлучен со ждрепка, што е едно од можните сценарија по вечерашното дерби во групата „Г“, меѓу Белгија и Англија. Двете екипи во пресрет на натпреварот влегуваат со ист број на бодови-6, иста гол разлика 8:2, како и со ист број на постигнати голови (8), кои се првите три критериуми за утврдување на подобриот пласман.

Ако натпреварот заврши нерешено ќе одлучува фер-плеј статистиката како во групата „Ф“, каде поради поголем број на жолти картони испадна Сеенгал, а Англија сега има два, а Белгија три жолти картони. Ако Англичаните добијат жолт картон, тогаш ждрепката ќе одлучи кој ќе биде прв во групата и ќе игра против Јапонија.

Белгијците досега никогаш ја немаат совлада Англија во досегашните пет меѓусебни средби. Англичаните можат да се пофалат со две победи, а три мечеви завршиле нерешено.

Вечерашниот натпревар требаше да биде директен дуел меѓу Хари Кејн и Ромел Лукаку, најдобрите стрелци на Мундијалот, но Лукаку поради повреда нема да настапи и ќе остане на четири гола. Напаѓачот на „Тотенхем“ има пет гола по двата натпревари, но и тој најверојатно нема да настапи.

Двете селекции најавуваат промени во тимовите, поради обезбедениот пласман во вториот круг, па со право се очекува Белгија и Англија да одиграат „пријателски“ натпревар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.