Англиски обложувач долго време ќе го памети дуелот помеѓу Спортинг Хихон и Реал Мадрид

Нерешениот епилог на дуелот помеѓу Спортинг Хихон и Реал Мадрид беше кобна за еден англиски обложувач

Сепак, еден англиски обложувач и тоа како ќе го памети овој кикс на “кралевите”. Анонимниот обложувач уплатил ливче со осум натпревари, а на седум од нив се обложил дека ќе завршат со нерешен исход. Ги погодил сите. И последниот натпревар кој го чекал за добивка од 14.233 евра, Спортинг Хихон – Реал Мадрид заврши нерешено. Иронијата е во тоа што само на тој дуел типувал на победа на Реал Мадрид.

Доколку типот останал доследен на типувањето “X-ови” и за натпреварот помеѓу Спортинг Хихон и Реал Мадрид, не само што ќе имал добитно ливче, туку со оглед на коефициентот за нерешено на овој дуел, кој беше околу шест, добивката би изнесувала околу 71.000 евра.

Англискиот обложувач уште долго ќе го памети ова обложувачко ливче...
Англискиот обложувач уште долго ќе го памети ова обложувачко ливче…

Да биде неговата болка поголема, пред почетокот на натпреварот од Примера, обложувалницата му понудила 11.200 евра за да се откаже од ливчето, но човекот одлучил да почека поголема добивка. И ќе почека..

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.