Англискиот шестолигаш Чорли ја испиша историјата

Аматерската екипа на шестолигашот Чорли го приреди најголемото изненадување во третото коло во ФА куп на Англија, совладувајќи го вечерва второлигашот Дерби Каунти, предводен од поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни, со 2:0.

Стрелци за големиот успех на Чорли беа во 10 минута Хал на асистенција на Калвели, кој самиот погоди во 84 година потврдувајќи ја назначајната победа во долгата историја на клубот.

Триумфот му донесе на Чорли пласман во четвртата рунда во англискиот ФА куп за првпат во 120- годишната историја на клубот од Ланкашир.

Дерби Каунти допатува на гостувањето во Чорли со комбиниран состав поради голем број заразени фудбалери со коронавирус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.