Англиските клубови бараат оставка од првиот човек на Премиер лигата

Четиринаесет клубови од Премиер лигата се подготвени да гласаат за барање оставка од Рик Пери на функцијата претседател на англиската фудбалска лига, објави „Скај Спорт“.

Откако се дозна дека Пери е во „одделни преговори“ со Ливерпул и Манчестер јунајтед, кои планираат револуција во англискиот фудбал, повеќето клубови од Премиер лигата сметаат дека тој нема морално право да ја води англиската фудбалска лига која ги опфаќа трите најквалитетни првенства во државата.

Конечната одлука по ова прашање ќе биде донесена на состанокот на Управниот одбор на Премиер лигата, што ќе се одржи утре, 14 октомври.