Англиските тимови “тонат” во Лигата на шампионите

Грчкиот тим на последните 12 гостувања кај англиските тимови има забележано исто толку порази, но синоќа на “Емирати” ја прекинаа таа лоша традиција.

По половина час игра гостите поведоа со голот на Пардо, но нивната радост траеше кусо бидејќи само две минути откако ја затресоа мрежата на Оспина, Тео Волкот постигна гол за 1:1.

На пет минути до крајот на првиот дел Олимпијакос повторно дојде во водство овој пат со автоголот на голманот на домаќините кој несмасно реагираше, па топката ја мина гол линијата.

Во 65-тата минута Арсенал преку Алексис Санчез израмни на 2:2, но само една минута подоцна резервистот Финбогасон погоди за 3:2 во корист на Олимпијакос и му донесе голема победа на својот тим.

Жозе Мурињо со Челзи загуби од Порто на “Драгао” со 2:1. Лошата форма на лондонските “сини” се уште трае, па Мурињо и по мечот со португалскиот тим со кој во 2004-та година ја освои Лигата на шампионите, беше со наведната глава.

Андре Андре во 39-тата минута му донесе предност од 1:0 на Порто, а во судиското продолжение од првиот дел Вилијан постигна прекрасен гол од слободен удар за 1:1. Победата на португалскиот тим му ја донесе Мајкон со својот гол во 52-та минута.



Резултати и табели
:

Е група: Барселона – Баер Леверкузен 2:1, БАТЕ Борисов – Рома 3:2.
Табела: Барселона 4 бодови, Баер Леверкузен 3, БАТЕ Борисов 3,Рома 1.

Ф група: Баерн – Динамо Загреб 5:0, Арсенал – Олимпијакос 2:3.
Табела: Баерн 6, Олимпијакос 3, Динамо 3агреб 3, Арсенал 0.

Г група: Макаби Тел Авив – Динамо Киев 0:2, Порто – Челзи 2:1.
Табела: Динамо Киев 4, Порто 4, Челзи 3, Макаби 0.

Х група: Олимпик Лион – Валенсија 0:1, Зенит – Гент 2:1.
Табела: Зенит 6, Валенсија 3, Гент 1, Олимпик Лион 1.

Вечерва се играат натпреварите во групите А, Б, Ц и Д.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.