Анѓушев: Секоја компанија без проблем ќе го носи предзнакот македонски

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за Сител изјави дека на ниту една компанија од Северна Македонија нема да се ускрати да го носи предзнакот македонски.

Еден од приоритетите за грчкото Министерство за надворешни работи во Владата на лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис е ограничување на негативните последици од Договорот од Преспа, а Анѓушев спомна дека Мицотакис веќе остварил контакт со премиерот Зоран Заев, кој бил мошне позитивен и тие јасно и прецизно кажале дека Договорот не може да се промени без согласност на двете страни.

Вели дека во Договорот од Преспа прашањето за брендот е јасно утврдено – секоја од државите може да го заштити својот бренд и секоја може да го користи предзнакот македонски.