Анима Мунди бара казна за убиецот на малото мече

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ реагира на фотографија со убиено мече објавена на Фејсбук.

Животните немаат мир ниту на улица ниту во дивина, насилството врз животните е карактеристика на Македонија во секој сегмент. Ви проследуваме фотографија од извесен Јашко Садиков кој јавно на Фејсбук се сликал со убиено мече и се фали со отстрелот и смртта на младо и со закон строго заштитено диво животно.

Лицето застрелало мече, кое по фотографијата очигледно не е ни постаро од 3 или 4 месеци.

Бараме итна интервенција од службите МВР,  Ловниот инспекторат  и АХВ согласно повеќе закони (Кривичен Законик, Закон за ловство, Закон за заштита и благосостојба на животните)  и најстрога казна – казна затвор за сторителот“, велат од Анима Мунди.