12.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Анима Мунди бара одговорност за работењето на претходното раководство на ЈП „Лајка“

Ќе има ли одговорност за минатото раководство на ЈП ЛАЈКА кое освен што лажирало извештаи и хуман третман на животните, континуирано продуцирало огромни трошоци и го вовело претпријатието во финансиска бездна?

Сегашните обвинувањата кон град Скопје актуелниот директор на ЈП Лајка, Воислав Димитровски се невиден цинизам затоа што проблемите произлегуваат исклучиво од затекната, наследена ситуација. Укажуваме дека иако баравме ревизија на севкупното работење на ЈП Лајка при промената на директор, при што се констатирало дека фалат цели класери со податоци за третманот и судбината на бездомните кучиња, институциите молчат. Понатаму, по двегодишното расипничко располагање со финансиите на претпријатието од негово основање довело до тоа да сега ЈП Лајка е руинирана и блокирана во милионски долгови, со блокирани сметки. За вакви намерни, или ненамерни пропусти би одговарал секој јавен службеник, но за директор кај нас одговорност нема.

И покрај ова наследено безредие, податоците потврдуваат далеку поголема ефикасност и функционалност и во бројката вдомени и во бројката стерилизирани кучиња, стационарот е во целост отворен за активисти и хумани граѓани, а градот за прв пат има програма која сме ја предложиле и изработиле заеднички, усогласена со европски практики и со која се задаваат конкретни цели и показатели на успешност. https://lajka.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/za-na-sajt-odluka-i-programa.pdf

Уште еднаш ги повикуваме институциите да реагираат и ги санкционираат оние кои успеале во 2 години да исцицаат милиони од парите за кои плаќаме ние, граѓаните; кои успеале да формираат и во рекорден рок руинираат едно ново претпријатие, а со тоа го доведат во прашање преживувањето и оддржливоста на Лајка која постои со цел да третира една многу чувствителна област, од која зависат илјадници бездомни кучиња и безбедноста на жителите на градот.