Анистон откри како ја одржува својата топ форма

Џенифер Анистон со години важи за една од актерките со најубаво тело, а сега таа призна дека нејзиниот изглед е резултат на напорни тренинзи и многу одрекувања.

– Ако работам, станувам во 4:30. Ако немам работни обврски, на нозе сум меѓу осум и девет часот, затоа што сакам подолго време да останам будна. Веднаш по будењето пијам чаша топла вода со една кришка лимон, раскажа актерката за списанието „Вел енд Гуд“.

Таа натаму раскажува дека потоа се мие со сапун и вода и започнува со нејзинот прв тренинг.

– Имам личен тренер и првиот тренинг се состои од возење велосипед половина час и вежбање јога 40 минути, изјави Анистон.

Иако ова на многумина би им било доволно вежбање за еден ден, Џенифер вели дека тоа и е само загревање, бидејќи следи одење во сала за вежбање, каде крева тегови и трча на лента.

Освен што очигледно многу вежба, Џенифер многу внимава и на тоа што го јаде.

– За појадок пијам шејк кој содржи некој вид чист протеин, банани, боровинки, замрзнати вишни, микс од здрав зелен зеленчук и малку какао. Ако не пијам шејк, јадам тост со јајца и авокадо или овес со бадемово млеко и банани, раскажа Анистон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.