Анита, поранешната сопруга на Ковач, за трагедијата на нивниот син Еди – „Го молев Мишо да не му купува пиштол на 16-годишното дете“!

Љубовната приказна на мисицата Анита Батурина и музичарот Мишо Ковач започнала кога таа имала само 18 години, а тој бил во брак со Љубица Ковач. Веста за оваа афера одекна како бомба во 1971 година. По две години парот се венча, набрзо се роди синот Еди, а потоа и ќерката Ивана. Живееле во Загреб, во луксузен стан во Горњи град, го обиколиле речиси целиот свет, а медиумите ги хранеле со приказни за мирен семеен живот без конфликти и афери. Сликата на идеално семејство траеше до почетокот на 90-тите, кога нивниот син Еди беше убиен во војната. Батурина ја раскажа приказната за тоа што точно се случило и како семејството се распаднало.

Анита сега во голема исповед за „24 sata.hr“  раскажа за трагичната ноќ кога го загубиле синот.

– Јас и Мишо ги воспитувавме да бидат секогаш добри со другите деца и да им помагаме, па секогаш беа опкружени со своите врсници. Потоа дојдоа 90-тите. а Еди стана „Bad Blue Boy“. Се сеќавам дека почна да гледа воени филмови со своите пријатели. Почна да зборува дека сака да војува, иако имаше само 16 години. Му реков на Миша дека тоа воопшто не ми се допаѓа и дека мораме да направиме нешто за да го фокусираме на училиштето, но Еди не попушти, се присетува Анита на настаните пред трагедијата.

– Мишо тогаш имаше добар пријател кој водеше воена единица, па кога виде дека Еди сака да го доживее воениот живот, го замолил пријателот да го земе. Бевме убедени дека по неколку дена ќе му здодее строгата дисциплина, но се случи спротивното. Еди прв станувал, правел се што му било кажано, спиел на подот, и се покажал како примерен војник. Беше маѓепсан од идејата дека еден ден ќе биде како филмските херои. Се врати дома и продолжи да сонува за војна, вели Анита за деновите пред смртта на Еди.

– Мишо тогаш направи глупост. Купил пиштол и му го дал на Еди. Го молев да не го прави тоа, да му става оружје во рацете на детето, но Мишо имаше огромна доверба во Еди и ми тврдеше дека нашиот син е доволно одговорен и знае што има во рацете. И Еди повеќе не се одвојуваше од пиштолот. Го носеше и на состаноци. До таа кобна вечер, Еди секогаш се јавуваше ако останеше подолго и секогаш знаевме каде е и што прави. Но, тој не одговори вечерта и не дојде дома дури во 22 часот, дури во 23 часот, ни до полноќ. Се шетав низ станот луда од грижа, со лошо чувство. Го молев Мишо да направи нешто, да оди да го бара. И тој беше надвор од себе од грижи, но не знаеше кому да се јави, каде да оди. Излегував пред куќата, гледав по улицата, чекав од некаде да се појави Еди. Околу три и пол по полноќ ни заѕвони телефонот. Мишо одговори и остана без зборови. Полицијата го известила дека Еди е во Драшковиќева, во Трауматолошката болница и му рекле дека Еди „има полесна повреда на мозокот“.

Тие веднаш отишле во болница и тогаш за последен пат го виделе својот син.

– Смртта на дете е со сигурност најлошото нешто што може да им се случи на родителите. Дотолку повеќе што првичните прогнози беа охрабрувачки и ништо не навестуваше таков крај. Мишо бил целосно скршен човек, а како што вели Анита, веднаш видела дека нема да може да се справи со тагата поради губењето на синот.

– И јас се распаѓав, но на Миша му реков дека мора да се стегнеме поради Ивана. Беше на чувствителна возраст, имаше 14 години, го загуби својот сакан постар брат, а потоа гледаше како ние двајца само плачеме и молчиме. Нашето девојче страдаше сама – ги опишала Анита најтешките денови во нејзиниот живот, кои доведоа до целосен распад на некогаш среќното семејство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.