Анкара бара Израел да го повлече амбасадорот од Турција

Турција побара во вторникот од израелскиот амбасадор во Анакра, Ејтан Наех да „се врати во Израел на одредено време“, соопшти извор од турското Министерство за надворешни работи.

Ваквото барање на Наех му било пренесоно на средба во Министерството за надворешни работи на Турција, на која му бил врачен и протест поради мерките што ги презедоа израелските безбедносни сили за време на протестите во Појасот Газа, при што беа убиени над 60 Палестинци.

Турција жестоко го осуди насилството во Газа и отворањето на американската амбасада во Ерусалим и побара одржување итен состанок на Организацијата за исламска соработка (OIC) поради овие настани.

Во исто време, турскиот амбасадор во Израел, Кемал Јокем, попладнево допатува во Анкара, каде што беше повикан на „консултации“.

Портпаролот на турската Влада, Бекир Боздаг, уште по вчерашната владина седница информираше  дека амасадорите на Турција во Израел и во САД биле повикани да дојдат на консултации во Анкара.

На случувањата во Газа реагирааше и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој ги осуди мерките на израелските безбедносни сили и Израел го нарече „терористички држава“.

На ваквата реакција на Ердоган одговори израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој му порача дека не треба да му дели лекции на Израел.

„Ердоан е меѓу најголемите поддржувачи на Хамас и не се сомневам дека добро знае што е е тероризам и ѕверство. Го советувам да не ни држи лекции за морал’, напиша на Twitter Нетанјаху.

Истата форлулација за еврејската држава турскиот претедател ја употреби и во декември минатата 2017 година кога го нарече Израел „терористичка држава“ којашто „убива деца“, додавајќи дека со „сите средства“ ќе се бори против американското признавање на Ерусалим како израелска престолнина.

Турција и Израел, порано тесни стратешки сојузници, во 2016 година ги нормализираа односите, по длабоката дипломатска криза која во мај 2010 година ја поттикна напад на израелските командоси на бродот на исламистичка труска хуманитарна организација која беше во рамките на Флотилата на слободата се обидуваше да ја пробие израелската поморска блокада на Појасот Газа, Тогаш загинаа десет турски активисти, девет турски државјани и еден американски од турско потекло. Израел по шест години се согласи да се извини и да исплати компензација од десетина американски долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.