Анкета: Бегството и предавањето на Мијалков е циркус, пресудата донесена под притисок

812

Кај македонските граѓани во големо мнозинство преовладува мнението дека ситуацијата со бегството и ненадејното појавување пред обвинителството  Сашо Мијалков, минатиот четвртокот била крајно провидна и неубедлива, а исто така сметаат дека пресудата за порешениот шеф на тајната полицијата е донесена под притисок.

Дури 61,6 отсто од испитаниците во истражувањето на Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА спреведено од 26-ти до 28-ми февруари врз репрезентаттивен примерок од 929 испитаници, го опишуваат случувањето како „циркус“. За трипати помалку, или 21,2 отсто од испитаниците разрешницата на дводневниот правосуден галиматијас во чиј фокус беше Мијалков значи спроведување „правда“, а 13,8 отсто сметаат дека станува збор за „неспособност“.

 

Испитаниците во огромно мнозинство сметаат дека пресудата од 12 години затвор за Мијалков е донесена под притисок, но различни се процентите во зависност од тоа од која страна е извршено влијанието.

Најмногу, или 36,2 отсто од испитаниците сметаат дека пресудата е однесетна под притисокот на јавноста, а 28,2 проценти сметаат дека притисокот дошол од страна на меѓународниот фактор, додека 22,5 отсто сметаат дека врз пресудата е донесена под притисок на Владата. Само 8 отсто сметаат дека пресудата е донесена поради непристрасна работа на судството и обвинителството.

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.