Анкета: Французите не сакаат да ја напуштат Европската Унија

Според анкета на институтот ТНС Софрес за радиото РТЛ, весникот Фигаро и телевизијата ЛЦИ, 45% од Французи изјавиле дека не сакаат да ја напуштат Европската Унија, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Во случај кога денес би се гласало за евентуален Френкзит, како што бараат некои партии од екстремната левица и екстремната деснциа во Франција, 45% од испитаните Французи одговориле дека ќе гласаат за останување во ЕУ. Од друга страна 33% се изјасниле дека ќе гласаат за излегување.

Истовремено истото испитување покажува дека 45% од Французите изјавиле дека се разочарани од резултатот на референдумот во Велика Британија, додека 33% се задоволни.

Пред неколку дена Алан Жупе, потенцијалниот кандидат на десницата за претседател на Франција во 2017 година изјави дека организирањето референдум во Франција за евентуално останување или излегување од Европската Унија би било неодоговорно.