Анкета: Граѓаните гневни на потезите на Заев во врска со „заедничката“ македонска и бугарска историја

115

Посетата на премиерот Зоран Заев на Бугарија и неговите скандалозни потези кои ги направи таму, граѓаните ги примија со големо разочарување и гнев, особено неговите ставови дека Македонија и Бугарија имаат наводно заеднила историја, констатира порталот Курир.мк врз основа на спроведената анкета меѓу македонските граѓани.

Според учесниците во оваа непосредна анекета, крајно се неточни консатциите изречени од Заев бо Софија, и потенциираат дека Македонија си има своја, а Бугарија своја историја.

„Па не е можно, Македонија си е Македонија, Бугарија си е Бугарија и по јазик и по народ и по се“, вели еден од анкетираните граѓани.

„Па не може да имаат заедничка историјата“, дециден е еден од граѓаните

„Немаме, ние сме Македонци, не сме Бугари, не му требаше да оди таму“, смета еден од анкетираните.

„Секој народ си има своја историја, Македонците си имаат своја историја, Бугарите своја историја“, додава уште еден од испитаниците.

Зоран Заев по средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, најави дека од учебниците ќе биде променето сѐ што е спорно за Бугарија, а спорни за бугарската држава да споменеме дека се и речиси сите македонски револуционери, меѓу кои и Гоце Делчев и Никола Карев. Граѓаните се едногласни и во одговорот дека никако не смее да се менуваат учебниците по историја.е

„Никако, таа е наша историја, не може да ја менуваат некои од надвор“, вели еден од граѓаните.

Заев во Бугарија се поклони и положи цвеќе пред споменикот на „бугарскиот“ Цар Самоил. Овој потег предизвика шокираност кај граѓаните, кои сѐ уште не можат да поверуваат како може толку лесно да се продава историјата на нашата држава.

„Цар Самоил се знае, Македонец бил, а Илинденското востание не било во Бугарија, тоа било во Македонија“, вели еден од анкетираните пред камерата на Курир.

„Историјата кажува дека е македонски (цар) да се разбереме, меѓутоа Бугарите викаат дека е бугарски. Јас мислам дека е македонски“, смета еден од граѓаните.

Граѓаните се едногласни и дека улогата на бугарската војска во Македонија била окупаторска, а не ослободителна.

„Окупаторска, па Бугарите со кого биле? Со Германците, како може да се ослободителна армија“, вели еден од анкетираните.

„Окупаторска, зошто Бугарите не дојдат заеднички да ја прославиме годишнината од палењето на село Лавци. Или да ги кажеме другите злосторства што ги имаат направено. Овие народни херои досега што ги славевме, чии се тие? За кого се бореа? За Македонија, не за Бугарија, а настрадаа од страна на Бугарите. Се знае дека се окупаторски, мене ме чуди како овие СДС, да не кажам Б на крајот. Како може сега тој тоа да го заборави, предците на таа партија што се крстеа во нив, чии права ги наследија, како можат тие сега да дозволат вака да се прави“, прашува еден од анкетираните.

https://www.youtube.com/watch?v=1OarZL3jCkg

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.