Анкета на „Република“ со Институтот за политички истражувања од Скопје: ВМРО со убедливо водство по сите прашања и групи пред СДСМ

Граѓаните повеќе веруваат во ВМРО-ДПМНЕ, отколку во СДСМ. Според резултатите од истражувањето што го спроведе Институтот за политички истражувања од Скопје по барање на „Република“, за сопствени потреби, граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија што може да отвори повеќе работни места, што има подобри економски резултати, подобра е од СДСМ во однос на обезбедување стабилност и безбедност во државата, како и дека води поголема грижа за ранливите категории од населението, за пензионерите, за земјоделците, за младите…

republika-anketa

Телефонската анкета е спроведена во периодот од 5 до 8 октомври годинава, а во рамки на неа 1.110 испитаници одговорија на повеќе прашања поврзани со довербата во работата, како и за капацитетите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, како најголеми партии на македонската политичка сцена.

republika-anketa-1

На прашањето, пак, Која партија е подобро организирана и има повеќе кредибилитет во однос на исполнување на зацртаните планови  програми, 49,9 отсто се изјазниле дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 18,5 проценти, кои одговориле дека СДСМ е подобро организирана партија.

republika-anketa-2

Граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ има подобра програма и подобар политички кадар од опозицискиот СДСМ.

republika-anketa-3

*појаснување: % од граѓаните што одговориле со „не знам“ или „немам одговор“  не е прикажан во табелите и во графиконите

Од ИПИС посочуваат дека ова истражување било спроведено според стадардизиран прашалник и врз основа на стратификуван примерок, кој е соодветен за населението во Република Македонија. Во примерокот се завардени демографските специфики на населението (полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност), а е направена и соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење (урбана или рурална средина, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности). Во примерокот се застапени испитаници од сите изборни региони во Македонија.

Одговорите ја одразуваат демографската структура на испитаниците и нивните преференции и ставови. Сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка, која  изнесува +/- 2,94 проценти . Поради тоа сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал – посочуваат од ИПИС.