Анкета: Граѓаните не гледаат полза од повратот на ДДВ-то, за најголем дел мерката е популистичка

Граѓаните кои се одважија да го кажат својот став пред камерата на ПресингТВ велат дека не гледаат многу фајде од најавената мерка за поврат на 15 отсто од платеното ДДВ.

Велат повратот ќе биде тежок, па дури и смешен за оние кои земаат просечна плата.

„Мал процент од луѓето во Македонија би го добиле тој поврат и тоа најбогатите. Сите оние кои прават мали суми мислам дека повратот на ДДВ-то би бил смешен“, изјави еден од анкетираните.

Има и граѓани кои се жалат дека ќе биде комплицирано да се занимаваат со скенирање на секоја фискална сметка, а за тоа напомош ќе треба да ги повикаат младите.

Целиот текс можете да го прочитате ТУКА