Кавадарци останува бастион на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев далеку пред својот опонент од СДСМ

Вчера опозицискта ВМРО-ДПМНЕ објави уште десетина кандидати за градоначалници на престојните локални избори кои треба да се оддржат на 17-ти октомври годинава.

Меѓу овие десет кандидати за градоначалници се наоѓа и актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев.

ВМРО-ДПМНЕ реши повторно да го кандидира Јанчев, а како што и е познато на македонската јавност, Митко Јанчев моментално важи за градоначалник со највисок рејтинг.

Имено пред само две години, беше спроведена анкета, на која се вели дека Јанчев за само две години успеа да ја реализира 100 проценти својата програма со која настапи на претходните избори.

На анкетата спроведена од неодамна, Митко Јанчев беше градоначалник со најголема доверба кај граѓаните, па оттука беше се поочигледно дека ВМРО-ДПМНЕ иако имаа несогласувања со Јанчев, повторно ќе го поддржат во трката за градоначалничката функција.

Имено редакцијата на КУРИР, вчера на својот официјален ФЕЈСБУК профил спровела АНКЕТА, на која ги праша граѓаните за мислење токму за кандидатите за градоначалници за градот Кавадарци.

Митко Јанчев убедливо води пред својот опонент од СДСМ, Горан Тодоров.