Анкета М-проспект: Кумановци повторно би го избрале Димитриевски за градоначалник

Агенцијата М-проспект во соработка со МКД.мк, во периодот од 20 до 28
август спроведе истражување со телефонска анкета на репрезентативен
примерок од 1.039 испитанизи за расположението на жителите на Општина
Куманово пред претстојните локални избори.

Според резултатите од истражувањето, 48,4 отсто од кумановците на
претстојните локални избори својот глас би го дале за независниот
кандидат Максим Димитриевски, актуелен градоначалник на Куманово.

Од гласачите Македонци, 50,9 отсто изјавиле дека би гласале за
Димитриевски, од гласачите Албанци – 39,4% и од другите заедници –
41.4%.

На прашањето „Дали сте задоволни од работата на актуелниот градоначалник
Максим Димитриевски”, дури 66,8% се изјасниле дека се задоволни.

„Максим Димитриевски на овие локални избори настапува како независен
кандидат за градоначалник на Куманово и со своја советничка листа за
Советот на општината. Анкетата покажа дека за кандидатот на СДСМ Оливер
Илиевски би гласале 15,9% од анкетираните, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ,
Тони Михајловски доби поддршка од 14,2 отсто од анкетираните. 21,5 отсто
одговориле дека се неопределени. Анкетата е спроведена на
репрезентативен примерок од 1.039 испитаници, жители на Куманово,
постари од 18 години. Примерокот е стратификуван репрезентативен по
урбана/рурална и етничка припадност“, се вели во истражувањето од
агенцијата „М-проспект“ и МКД.мк