Анкета: Мнозинство Американци очекуваат ново масовно пукање во следните три месеци

Речиси половина од Американците очекуваат дека во САД наскоро ќе се случи уште едно масовно пукање, покажуваат резултати од анкета на Ројтерс и Ипсос. Анкетата е објавена само неколку денови по смртоносните напади во Калифорнија, Тексас и Охајо.

Според анкетата, 78 отсто Американци рекле дека најверојатно во следните три месеци ќе има уште еден таков напад, а 49 отсто сметаат дека тоа „многу веројатно“. Десет отсто испитаници рекле дека не е веројатно дека ќе се случи таков напад во следните три месеци.

Анкетата спроведена на 7 и 8 август е направена по двете масовни пукања во Ел Пасо и во Дејтон како и во Гилроу во минатиот месец во кои загинаа 36 луѓе.

Масовни пукања не се јасно дефинирани, но непрофитната организација Ган вајоленс (Gun Violence Archive) регистрирале 250 такви инциденти само во оваа година – во просек по еден дневно во кои со огнено оружје се убиени или повредени четири или повеќе луѓе.