Анкета: Мнозинството Грци против договорот со Македонија

„Не“ за договорот велат 68.3 отсто, а „не“ за името Македонија 73,2 отсто од испитаниците во новото истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата „Marc“ за весникот „Прото тема“.

Според резултатите, 49 отсто од гласачите на СИРИЗА се против договорот меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Во однос на распоредот на силите на грчката политичка сцена, се забележува голема разлика меѓу Нова демократија и СИРИЗА (14,4 отсто).

Поконкретно: Нова демократија 30,6 отсто, СИРИЗА 16,2 отсто, Движење за промена 7, 5 отсто, Златна зора 7, 3 отсто и
Комунистичка партија на Грција 6,3 отсто.

МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.