Анкета на „Детектор“: Најголемиот дел од граѓаните сакаат избори во септември

113

Во емисијата „Детектор“денеска се презентираше анкета на која граѓаните се изјасниле кога според нив е најбезбедно да се гласа.
Граѓаните најмногу се изјасниле за месец септември и процентот изнесува околу 24.2%.
На прашањето „Дали пред да се појави пандемијата со коронавирус вие планиравте да гласате на претстојните парламентарни избори?“, позитивно одговориле 74.7%, а негативно одговориле 18.1%.
А, според прашање „ Гледано од денешна перспектива, дали би гласале доколку изборите се одржат во периодот кон крај.от на јуни или во првата половина на јули?“ граѓаните кои позитивно одговориле се околу 48.2%, негативно кои одговориле се околу 35.1%.

Но изненадувачки е што граѓаните на Република Македонија повеќе сакаат изборите да се случат периодот во месецот септември. Тоа го говорат и податоците на анкетата од „Детектор“.

На прашање „Според Вас, кога треба да се одржат изборите?“, за јуни одговориле околу 15.1%, за јули 17.6%, за месец август 15.8%, но за месец септември е најголемата желба на граѓани да се организираат изборите и процентот изнесува 24.2%, а после септември е околу 22.8%.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.