Анкета на El Pais: Само четвртина од Каталонците сакаат независност

Само четвртина од Каталонците сакаат натамошно спроведување на планот за независност од Шпанија пред покраинските парламентарни избори закажани за 21-ви декември, покажува анкетата којашто во понеделникот ја објави тиражниот дневен весник El Pais.

Каталонскиот референдум за независност од 1-ви октомври, кој уставниот суд на Шпанија го прогласи за нелегален, ја доведе земјата во најголемата политичка криза од воведувањето на демократијата во оваа земја во осумдесеттите години од минатиот век, но несигурноста би можела да се врати доколку на претстојните повторно победат партиите кои ја заговараат независноста.

Само 24 отсто од оние кои биле анкетирани од агенцијата Metroscopia рекле дека сакаат да продолжат со процесот добивање незавосност по парламентарните избори во Каталонија, додека 71 процент од нив попрво сакаат политичарите да постигнат договор со кој покраината би останала во рамките на Шпанија.

Поради тоа, се чини дека партиите кои се поборници на независноста нема да го задржат апсолутното мнозинство во каталонскиот парламент, како што покажа првиот дел од анкетата објавен во неделата, во кој ниден табор нема изразена поддршка.

И покрај тоа, стандардната маргина на грешка од 2,4-процентни поени и фактот дека поддршката е рамномерно распределена на двете страни го отежнува носењето заклучоци за иднината. Во оваа телефонска анкета учествувале 1.800 жители на Каталонија од 20-ти до 22-ри ноември.

Губењето на мнозинството во регионалниот парламент би претставувал голем удар за каталонските автономисти кои изборите ги нарекоа референдум за одлуката на Мадрид во октомври да ја суспендира покраинската власт.

На референдумот во октомври огромното мнозинство од оние коишто излегоа на избирачките места гласаа за независност, но излезноста изнесуваше 43 отсто бидејќи голем дела од избирачките места шпанската полиција ги затвори, а многумина противејќи се на отцепувањето не излегоа на гласањето.

Се предвидува дека каталонските сепаратистички партии ќе освојат само 46 отсто од гласовите, малку помалку од 47,7 отсто колку што добија на минатите избори во 2015 година. Унионистичките партии заедно би можеле да освојат, исто така, околу 46 отсто, што е повеќе од 40 отсто колку што освоија на минатите избори, покажува анкетата на Metroscopiа.

Се очекува дека одѕивот на овие избори за коишто отстранетиот каталонски претседател Карлес Пучдемон во саботата од Белгија рече дека се најважните во историјата на Каталонија, ќе избесува околу 80 отсто.