АНКЕТА: Најголема доверба граѓаните имаат во кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

Победат на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори, покажуваат резултатите од најновата анкета спроведена од Институтот АКСИОС.

За кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ својот глас го даваат 27,8 проценти од анкетираните, додека за СДСМ би гласале 23,3 проценти од испитаните.

Кај албанскиот блок блага предност имаат кандидатите на Алијанса за Албанците и Алтернатива пред ДУИ.

Во однос на изборните слогани на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, граѓаните сметаат дека е треба да се создаде нова иднина, а не се согласуваат дека СДСМ се најдоброто.

Високи 78,1 процент сметаат дека СДСМ и нивната коалиција не се најдобри, додека позитивно се изјасниле 10,7 проценти од анкетирани.

59,3 проценти од анкетираните се согласиле дека треба да се создаде нова иднина.

На прашањето „Која кампања на политичките партии/коалиции ви е најблиска/се препознавате“, 38,6 проценти одговориле дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, додека 27,4 проценти својот глас го дале за СДСМ и Коалицијата.

Кај албанскиот блок во мала предност е Коалицијата ААА.Анкетата на Институтот „АКСИОС е спроведена во периодот од 24.09 до 28.09.2021 година на стратифициран примерок од 1215 испитаници на територијата на цела држава.