Анкета: Стабилно водство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски пред СДСМ и Заев

Стабилно водство од над 2 отсто доверба кај избирачите, што се повторува и во други претходни анкети, ужива опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред владејачката СДСМ, на нецела седмица пред одржувањето на предвремените парламентарни избори, покажува најновото истражување на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС).

Стабилно водство од над 2 отсто доверба кај избирачите, што се повторува и во други претходни анкети, ужива опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред владејачката СДСМ, на нецела седмица пред одржувањето на предвремените парламентарни избори, покажува најновото истражување на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС).

На прашањеро „За која партија ќе гласате на парламентарните избори на 15-ти јули“, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 21,9 отсто од испитаниците, додека коалицијата на СДСМ и БЕСА добича доверба кај 19,8 проценти од анкетираните.Инте

Во албанскиот кампус според ова истражување, во водство е ДУИ со 5,9 проценти, пред коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива која ужива доверба кај 4,2 отсто од гласачите., додека ДПА има 0,9 проценти поддршка.

Интересно, меѓу париите и коалициите кои испитаниците директно ги посочуваат како свој избор, се јавува единствено Левица со 1,3 отсто доверба, додека за „друга партија“ се изјасниле 0,4 проценти.

Во ниедна партија немаат доверба 12,1 отсто од анектираните, својот избор не сакале да го кажат 16,4 проценти, а 17,1 отсто од испитаниците сѐ уште немале одлучено.

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ/БЕСА е уште поголема, речиси 6 отсто, кога станува за изјаснување на испитаниците Македонци, што посочува дека опозициската партија може да ја оствари разликата во освоени мандати во изборните единици каде што македонското население е побројно.

Така, на прашањето поставено на испитаници Македонци за која партија ќе гласаат, 28,8 отсто се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, додека за Коалицијата СДСМ/БЕСА пподдршка дале 23 проценти. Во овој сегмент од анкетата Левица добива 1,7 отсто поддршка, а другите партии 0,5 проценти. Албанските партии разбирливо не котираат меѓу македонскиот дел од гласачкото тело.

Гласачите Македонци со 10,9 отсто немаат поддршпа за ниедна партија, но релативно високи 19,3 отсто не сакале да се изјаснат, додека сѐ уште не решителни се 15,8 отсто.

 

ДУИ е во значителна предност во однос на Коалицијата АА и Алтернатива меѓу гласачите Албанци, со 25,9 наспроти 17,4 отсто. Во албанскиот дел од електоратот фигурира на третото место Коалицијата СДСМ/БЕСА со 10,9 отсто, а ДПА има доверба од 4,1 отсто од испитаниците. ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање не е застапено во овој дел од гласачите.

Албанските гласачи во Македонија не се задоволни од ниедна партија со 14 отсто, не сакале да се изјасната 5,8 проценти, а дури 22,1 отсто не се одлучени.

 

Кога станува збор за политичките лидери, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ужива 19,2 отсто доверба од севкупното гласачко тело. Со 17,6 отсто го следи поранешниот премиер и претстедател на СДСМ, Зоран Заев, а Али Ахмети од ДУИ со 6,5 отсто ја заокружува тројката водечки политичари.

Зијадин Села од АА ги следи со 3,9 отсто, Африм Гаши има 1 процент доверба, за зад нив се Билал Касами и Мендух Тачи со 0,9 односно 0,8 отсто.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, пак, ја има довербата од 1,1 отсто од испитаниците.

Малку над четвртина од испитаниците, или 26,6 отсто се изјасниле дека немаат доверба во ниеден политичар, за „друг“ политичар се изјасниле 6,2 отсто, а немале одговор 16,2 отсто анкетирани.

Одговорите ја одразуваат демографската структура на испитаниците и нивните преференци и ставови. Сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3 % . Поради тоа сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал.

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) го спровело краткото истражување во периодот меѓу 2-ри и 5-ти јули 2020 на 1.087 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари.

„Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.

Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше
стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република
Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности“, се додава во прилогот кон резултатите.