АНКЕТА: Континуиран раст на довербата на граѓаните во Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

393

Доколку утре се одржат избори повеќето од граѓаните би гласале за ВМРО ДПМНЕ, покажува последното истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата М-Проспект.

Истражувањето покажува дека додека поддршката за владејачката партија споредено со бројките од лани е во тренд на опаѓање, бројот на граѓаните кои даваат поддршка за ВМРО ДПМНЕ е во континуиран раст.

Според анкетата, за опозициската партија би гласал секој четврти од граѓаните односно 25 отсто, додека за СДСМ би гласале 23,1 отсто. За ДУИ би гласале 5.1%, за Алијанса за Албанците би гласале 4.2% и за БЕСА 2,1%, покажува истражувањето.

Слична е состојбата и со довербата во партиските лидери. Според истражувањето, поддршката за претседателот на СДСМ и премиер, Заев се намалува, додека претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сѐ почесто е избор на граѓаните на прашањето во кој од политичарите имаат најголема доверба. За 18.3% од испитаниците Зоран Заев е политичар во кој имаат најмногу доверба, додека пак во Христијан Мицкоски доверба имаат 11.7% од испитаниците.

„Споредено со истото прашање поставено пред една година, односно една година од работата на новата Влада, може да се забележи дека постои опаѓање на рејтингот на Зоран Заев (24.1% во 2018). Во 2018 во Христијан Мицкоски имале доверба 2.9%“, стои во истражувањето.

И етничките Македонци и етничките Албанци во најголем процент не веруваат во ниту еден политичар (28.8% од етничките Македонци и 33.2% од етничките Албанци). Етничките Македонци го преферираат Зоран Заев (21.3%), а 16.1% имаат најголема доверба во Христијан Мицкоски.
Етничките Албанци најмногу го избираат Али Ахмети (18.2%), потоа Зијадин Села (15.9%). За Зоран Заев се изјаснуваат 9.3%, а Билал Касами е избран од 8.4% од испитаниците.

Од М-Проспект објаснуваат дека податоците се со веројатност на точност од 95% и со грешка +/- 3 %.на национален репрезентативен примерок од 1.000 испитаници. Популациската рамка на примерокот било население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони. Теренската анкета енаправена во периодот 15 мај – 07 јуни годинава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.