Анкета во Шипковица: „Фала му на премиерот и на сите што помогнаа“

Анкета во Шипковица: „Фала му на премиерот и на сите што помогнаа“
Анкета во Шипковица: „Фала му на премиерот и на сите што помогнаа“

Жителите на Шипковица и денеска изразуваат благодарност и велат дека во минатото ниеден премиер не бил во нивните села и оти се што ветил премиерот вечерта кога ги посетил веднаш по поплавите, се’ се исполнило.

Јас бев прв таму, го сретнав. Тој ја направи својата должност како премиер и добро е што тој дојде, ние сме сега во добра состојба. Бидејќи дојде, тој како премиер му даде големо значење на ова, големо значење и работите идат како и што рече премиерот, течат добро, ние му се заблагодаруваме, вели еден од жителите на Шипковица.

Мештаните велат дека помошта доаѓа од сите страни и нагласуваат дека особено се задоволни што премиерот лично се заложил со неговиот тим помошта да се оствари.

Уште од првиот ден 90 отсто сме имале струја, сме имале вода. Како премиер сега го положил испитот, мислам за нашата околина овде, а во суштина беше тој и во Речица, беше насекаде. Фала му на премиерот и на сите тие што сакале и што ни помогнале, бидејќи нема на кое друго место да се јавиме, фала на сите што помагале, овде имаше се, вели жителот на Шипковица.

 Се чудев дека премиерот може да дојде без никаква “пратња“, без ништо, со чизми да влегува во куќи. Секоја му чест, вели еден жител.
Се чудев дека премиерот може да дојде без никаква “пратња“, без ништо, со чизми да влегува во куќи. Секоја му чест, вели еден жител.

На прашањето дали пред посетата на премиерот Никола Груевски претходно имало посета на било кој премиер во Шипковица, жителите одговараат:

Не, не. Јас имам 70 години, не памтам, не памтам нешто такво. Јас не бев тука, бев во Албанија, кога видов на интернет дека премиерот среде ноќ бил овде, јас се чудев дека премиерот може да дојде без никаква “пратња“, без ништо, со чизми да влегува во куќи. Секоја му чест, вели еден жител.

Освен овој премиер, не бил никој, никогаш до сега, додава друг жител на Шипковица.

Освен овој премиер, не бил никој, никогаш до сега, додава друг жител на Шипковица.
Освен овој премиер, не бил никој, никогаш до сега, додава друг жител на Шипковица.

Груевски и владиниот тим вчера со кафе и чај беа пречекани во Шипковица. По големата водена катастрофа состојбата во тетовско полека се стабилизира. Жителите задоволни од  досегашната помош од државата.

Жителите на тетовско се благодарни и на Градот Скопје за помошта и механизацијата која ја испратија за побрзо расчистување на теренот.