Реномираната агенција Брима Галуп прогнозира убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори. Бројките од анкетата покажуваат зошто СДСМ се плаши од избори и ги минира преговорите, со цел Македонија да ја изгуби препораката од ЕУ.
Според податоците добиени од истражувањето на јавното мислење на БРИМА ГАЛУП, владејачката партија има двојно поголема поддршка од опозицискиот СДСМ. За партијата на премиерот Груевски би гласале 23,5% од граѓаните, додека за опозицискиот СДСМ само 12,4%. Третото место го зазема ДУИ со 7,6%, четврта е ДПА со 3,5%.
Поради стравот на СДСМ од избори, кој многу добро го отсликуваат овие бројки од последната анкета на реноминираната агенција, Македонија ја губи препораката која шест години по ред ја добива од Европската Унија. Земјава ќе ја загуби препораката