Анкетите потврдија: Силјановска има сигурно водство во Скопје пред Пендаровски

Според најновата анкета на агенцијата МЦМС, а која беше изработена по нарачка на Телевизија Телма, Гордана Силјановска Давкова е кандидатот кој ќе освои најмногу гласови во Скопје.

Силјановска е омилениот кандидат на скопјани, а зад неа е Пендаровски. Гордана Силјановска има поддршка од 27,4 отсто додека за кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски својот глас би го дале 24,9 проценти од испитаниците.

Ваквиот тренд се забележува и на анкетата на агенцијата М – Проспект спроведена на репрезентативен примерок од 1.197 лица постари од 18 години во период од 04 – 10 април.

Имено во правата изборна единица, во која се населените места Сарај, Карпош, Центар, Аеродром, Кисела Вода и Македонски Брод, односно централното градско подрачје на градот Скопје, Силјановска ужива поддршка на 32.4 отсто од бирачите, Пендаровски би го гласале 31.5 проценти, додека Река 10.8 отсто, 13.6 отсто не би гласале за ниту еден од кандидатите, 8 проценти се уште не одлучиле кого ќе поддржат, а 3.8 проценти одбиле да одговорат.

Ова е голем скок за опозицискиот кандидат Силјановска, што е имено и прво водство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица после подолг период.

Познавачите на приликите велат дека Скопје е показател на расположението на народот во целата држава, резултатот кој ќе се постигне во Скопје ссе прелева како бран во остатокот од државата.