Јанкуловски: Во Македонија се поставуваат лица на раководни функции чии биографии се празни листови хартија

Звонимир Јанкуловски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за целата ситуација во државата и посочи дека Македоноја се дави во глупости, незнање и неспобноста затоа што луѓето кои се на раководни функции имаат биографии со празни листови хартија.

„Едноставно имам впечаток дека државата оди по некоја инерција која ја движи ненапред, едноставно се движи и прашање е само кога ќе застане, кога системите ќе откажат да функционираат. Само за потсетување Германија пред една година не опомена дека на патот кон Европската унија треба да водиме сметка затоа што младите ја напуштаат државата, разочарани се што на високи јавни функции доаѓаат необразовани луѓе. Македонија едноставно се дави во глупости, се дави во незнаење, се дави во неспособност. На одредни луѓе кога ќе им ги видите биографиите едноставно тоа се празни листови хартија, меѓутоа се на раководни фунцкии, они би требало да носат клучни одлуки за функционирањето на државата и затоа сум доста скептик дека сеуште одиме по некоја инерција која знаете телата се движат по инерција додека не застанат и дека едноставно системите ќе застанат еден момент и тоа е она кое ме застрашувa“, рече тој во своето гостување.

Јанкуловски во своето гостување посочи дека во моментов се глуми дека сме сериозна држава која ги има сите параметри на државност и функционалност.

„Во моментов повеќе имам впечаток дека глумиме држава отколку што сме сериозна држава која ги има сите параметри на она што значи државност и она што значи способност да биде функционална во смисла на менаџирањето на односите внатре и менаџирање на односите кон надвор“, додаде порашениот амбасадор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.