Англија им овозможи на македонските фудбалски надежи настап во елитната фаза од квалификациите за ЕП

Македонските фудбалски надежи до 19 години го искористија домашниот терен и се пласираа во Елитните квалификации за Европското првенство во 2021 година.

Македонија беше домаќин на претквалификацискиот турнир, на кој младите фудбалери по ремито со БиХ и поразот од Англија, одиграа херојски натпревар против Луксембург, на кој славеа голема победа од 0-3, доволна за посакуваниот успех.

Но, за приказната да заврши со среќен крај се чекаше на конечен резултат од натпреварот кој се играше во ист момент во наелебата Ѓорче Петров, каде Англија победи со 1-4 и ја поместија селекцијата на БиХ на третото место.

Стрелци за Македонија на денешниот меч со Луксембург беа Тошевски и Воша во првиот дел и Мурати во вториот дел.

 

извор: gol.mk