Јанмат: ЕУ апелира за зајакнување на борбата против корупцијата

Земјите од Западен Балкан и Турција, кои се дел од процесот на проширување на ЕУ, покажуваат раст на корупцијата, изјави раководителот на Секторот за проекти при Делегацијата на Европската унија во земјава, Фрак Јанмат, упатувајќи притоа апел за зајакнување на напорите во борбата против корупцијата и на владеењето на правото.

Во обраќањето на Регионалниот антикорупциски форум на СЕЛДИ во Скопје, Јанмат рече дека ЕУ ги поддржува земјите од регионот и Турција  во однос на хармонизација на нивните законодавста што има за цел воспоставување специјални институции и зајакнување на правната рамка во борба против корупцијата, во која смета дека е важна и промена на менталитетот.

– Доброто владеење и владеење на правото не треба да се мешаат со техничките реформи. Тие се дел од процесот кој бара промена на менталитетот и издржливост. Ние сепак остануваме посветени и се надеваме дека институциите ќе дадат позитивни резултати за доброто на идните генерации. Во 40 проценти од институциите во регионот според барометарот на корупција, корупцијата е еден од главните проблеми во нивните општества, рече Јанмат.

ЕУ, нагласи тој, против овој феномен се бори со нови правила и јакнење на фондовите за создавање јавно обвинителство на ЕУ.