Јанша му порача на Верховштад дека Словенија „не е Конго“

Словенечкиот премиер Јанез Јанша влезе во вербална конфронтација на Twitter со Ги Верховштад, догогодишниот европратеник и поранешен шеф на пратеничката група на либералите Alde во Европскиот парламент, откако Верховштад критикуваше поради наводно нарушување на слободата на медиумите во Словенија.

Во повеќе објави на социјалните мрежи, Јанша наведе дека Верховштад „арогантно се претставува како чувар на европските вредности“ и „сака да им се патронизира на Словенците“ коишто, меѓутоа, како што додаде Јанша „самите решаваат за сопствените интереси“.

На Верховштад, кој во долгата политичка кариера беше и белгиски премиер од 1999 до 2008 година, Јанша саркастични му порача да се концентрира на лошите изборни резултати на неговата партија во Белгија и дека „прво да ја добие довербата на своите избирачи“, пред да им „држи лекции“ на другите.

Словеничкиот премиер Јанша, кој е познат по својот саркастичен но и остар стил во комуникацијата со политичките ривали или противниците, на поранешниот белгиски премиер Верховштад во еден, исто така, му порака дека не е лидер на „колонијална сила“ и дека „Словенија не е Конго“, зајадливо алудирајќи на колонијалното минато на Белгија во Африка.

Реакцијата на Јанша следеше откако Верховштад во понеделникот на Twitter изрази „загриженост“ поради тоа што „продолжуваат нападите на слободните медиуми во Словенија“, запрашувајќи се дали можат Европската комисија и Советот на ЕУ да „дејствуваат“ пред Словенија и премиерот Јанша кон средината на годината го преземат претседавањето на Европската унија, имајќи предвид како што тврди дека, Словенија по Полска и Унгарија станува третата членка во „антидемократскиот“ блок во ЕУ.

Владата на Јанша е критикувана за наводен обид да ја преземе контролата врз водечките медиуми чиј основач и финансиер е словенечката држава, како што се јавната телевизија и службената новинска агенција STA, за да ги придуши критиките. Овој спор во меѓувреме доби и пошироки дименции, па на сетка на тоа имаше и критики од Европската комисија.

Јанаша предупредува дека со медиумите во Словенија владеат и управуваат странски структури и екстремната левица кои контролираат 80 отсто од медиумската сцена, како и дека критиките на неговата влада се без основа и пласирани се од неговите политички противници.