Јанша: Словенечката Влада е „клинички мртва“

20

Словенечкиот опозициски лидер и поранешен премиер Јанез Јанша ја нарече малцинската влада на премиерот Марјан Шарец „клинички мртва“ и додаде дека во моментот не гледа алтернатива што би донела „развојна коалиција“ или поголема постојана политичка стабилност за Словенија.

„Бидејќи партијата Левица (Л) ја напушти коалициската Влада пред два месеца, коалицијата   на Шарец во Словенија сега се одржува на власт со несигурните гласови на Националната партија (СНС) на Змаго Јелинчич, а всушност таа е клинички мртва, односно политички труп“, рече Јанша во интервју за Словенечката телевизија.

На прашањето дали се точни информациите дека тој се обидува да собере „ново парламентарно мнозинство“ за да ја замени сегашната коалиција на левицата и на либералниот центар, Јанша беше скептичен дека во моментот не гледа можна алтернатива во форма на „развојна коалиција“.

Тој рече дека не гледа политичка подготвеност за предвремени избори затоа што поминаа само една година и половина од последните.

Јанша, сепак, верува дека промените би биле добредојдени затоа што Словенија би искористила две милијарди евра во европски фондови што сегашната влада на Марјан Шарец не успева да ги повлече од Брисел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.