Ансу Фати надвор од терените следните два до четири месеци

Младиот црномурест напаѓач на Барселона, Ансу Фат, ќе пропушти од два до четири  месеци поради повреда на менискусот на левото колено, објави во неделата шпанскиот дневен спортски весник AS, потврдувајќи ги првичните негативни прогнози од саботата вечерта кои дојдоа од клубот.

Саботата вечерта Барселона објави дека Анси Фати, кој пред само една седмица наполни 18 години, тешо го повредил коленото во средбата од деветтото коло на Примера против Бетис.

„Прегледот покажа дека Анси Фати здобил руптура на менискусот на левото колено. Следните неколку дена ќе бид одреден третманот за негово закрепнување“, објави Барселона.

Фати се повреди 15-ина минути пред крајот на првото полувреме кога на неко стартуваше Аида Манди и направи пенал кој не го реализираше Антоан Гризман. Младиот шпански репрезентативец остана на теренот и покрај болките до крајот на полувремето кога го замени капитенот Лионел Меси.

Според изворот на AS, периодот на опоравување на играчот на каталонскиот великан зависи од тоа дали играчот ќе биде опериран. Доколку фудбалерот ја одбие операцијата, ќе пропушти околу шест седмици, но изворот практично исклучува ваков развој на ситуацијата.

Објавено е дека Фати најверојатно ќе се подвргне на операција, по што играчот ќе може да се врати на терените во јануари.март 2021 година.

Во сезоната 2020/21, Фати одигра десет натпревари за Барселона, постигна пет голови и четири асистенции.