Антички театар во Охрид остана празен за јавната дебата за референдумот

Уште еден дебакл и голем резил приреди актуелната власт пред германскиот дипломат Михаел Рот, кој во рамките на поддршка на референдумот за прифаќање на договорот со Грција, односно смена на уставното име на Република Македонија, зборуваше пред празниот Антички театар во Охрид.

На Античкиот театар во Охрид во моментов како дел од кампњата за референдумот тече дебата на која присуствува минситерот за надворешни работи Никола Димитров, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, заменикот министер за екологија Јани Макрадули, како и германскиот министер за Европа Михаел Рот, пренесува порталот Охрид1.

Античкиот театар е празен, а во публиката седат вработени во општинската админситрација кои стојат и глумат публика. Инаку Димитров и Рот во Охрид учествуваа на дебата која беше најавена како дебата со младите. Но, во Античиот театар кој собира околу 3.000 луѓе се појавија речиси педесеттина лица, од кои само мал број беа млади, констатираше дописникот на телевиијата Алсат М.

Поради тоа, стануваат гласни и чести констатациите на локалната јавност дека референдумот во Охрид е пред колапс, и дека власта ќе мора или да прави фалсификат или да се соочи со фијаско во градот Охрид.

Македонија и нејзните граѓани се пред историска шанса со гласањето на референдумот, порача германскиот министер за Европа, Михаел Рот, кој претхоно веслаше по Охридското Езеро со неговиот домаќин шефот на македонската дипломатија Димитров. Според него, со гласањето за Договорот од Преспа граѓаните ќе можат да ја потврдат нивната посветеност кон демократијата и владеењето на правото.

„Македонците пишуваат историја и тоа не само национална туку и европска историја. Со договорот кој се постигна со Грција очекувам дека наскоро Македонија ќе ја видам во групата, односно семејството на пријатели на Европската Унија и НАТО. Би сакал да ги охрабрам луѓето во вашата убава земја да ја искористат оваа историска можност“, рече Михаел Рот.

На прашањето на телеивизијата Алсат М што е со информациите дека македонските граѓани од 1-ви јануари наредната година ќе може да работат во Германија со македонските пасоши, тој кажа дека се работи на олеснување на процедурите.

„… Ние сакаме да им олесниме на луѓето од западен Балкан да дојдат, да живеат и да работат во Германија. Но затоа треба виза и треба да се регулира визниот режим за да им се олесни на луѓето“, рече Рот.

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров рече дека Македонија се наоѓа пред голема историска раскрсница. За ставот на опозициската ВМРО ДПМНЕ за референдумот, Димитров рече дека тоа е бегање од соочување со волјата на народот.

„Јасно е дека договорот тешко поминува и во Грција. Тоа значи дека е одвај најден заеднички јазик. Ние сме Македонци, зборуваме македонски јазик. Ова е толку над партиско прашање и нема врска со Владата, со градоначалници. Мислам дека вие да зборувате 10 години за референдум и на секое можно прашање да велите кога ќе најдеме заеднички јазик со Грција ќе ги прашаме граѓаните и сега да немате јасен став, тоа е бегање од одговорност“, изјави Димитров.

Околу кодовите МК и МКД, Димитров рече дека тие остануваат, но оти прашањето за трговските марки не е затворено со договорот.

„Договорот само кажува како тоа прашање ќе се третира. Додека не се најде решение останува се по старо. Без наша и нивна согласност не може ништо да се смени. Ќе има едно тело од наши и нивни бизнисмени, со меѓународни експерти кои ќе најдат начин бидејќи ние имаме повеќе трговски марки со името Македонија, македонско, ќе се најде начин како тоа ќе функционира“, рече Димитров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.