Антиисламското движење ПЕГИДА отвори огранок во Шпанија

Антиисламското движење ПЕГИДА; кое се појави во Германија, најави вчера дека отворило свој огранок во Шпанија.

Шпанскиот огранок на ПЕГИДА (Патриотски Европејци против исламизација на Западот) е отворен преку Твитер на 8 јануари, ден по нападот врз редакцијата на парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“.

– Исламот нема место во слободните и демократските општества, како што се европските, се наведува во првата изјава на групата на социјалните мрежи.

Новиот огранок веќе привлече 800 следбеници на Твитер и подготвува протест, на кој ќе учествуваат и членовите на германаската ПЕГИДА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.