Антиќ се закити со титулата „Големиот Победник“ во Светската Премиер карате лига

Антиќ се закити со титулата „Големиот Победник“ во Светската Премиер карате лига
Антиќ се закити со титулата „Големиот Победник“ во Светската Премиер карате лига

Македонскиот каратист Симон Антиќ, член на Карате клубот Макпетрол-Скопје денеска во Окинава, Јапонија на последниот турнир од Светска Премиер Карате Лига, се закити со титулата „Големиот Победник“ за целата лига за 2015 година во категорија -84 кг.

Антиќ со учество на турнирите во Париз, Ротердам, Истанбул, Хамбург, Салзбург и сега во Окинава со бодовното салдо кое го собра го освои првото место во категоријата -84 година и од страна на првите луѓе на светската Карате федерација беже прогласен за „Голем победник“ на лигата која со овој турнир и завршува.

Тренерот на Макептрол Бошко Заборски задоволен од постигнатиор резултат.

– Со освојувањето на овој трофеј,  ние на најдобро можен начин ја крунисавме цела 2015 година. Добивме најголемо признание за сите наши учества и ангажмани во текот на годината кои се вродија со плод. Томе Тодоровски, Наташа Стефановска, Симон Антич  и Симона Заборска се македонските каратисти кои во текот на оваа година освојуваа медали на ова престижно натпреварување. Сакам да истакнам дека за Карате клубот Макпетрол од почетокот на формирање на Светската лига до сега ова е вкупно трет трофеј од најголем сјај, изјави Заборски.

Претходно, Наташа Илиевска во категоријата -55 кг и Жарко Арсовски во категоријата +84 кг, имаат вакви титули.

– Да се биде генерален победник во најелитното натпреварување од Светски рејтинг, е најпосакуваното нешто на секој каратист. Со ова постигнување нашата држава Македонија и клубот Макпетрол се става во редот на најуспешните држави кои учествуваат на ова елитно натпреварување во Светската 1 Премиер Карате Лигата, додаде Заборски.